Достапни линкови

Дора Бакојани формира нова партија


Поранешниот грчки министер за надворешни работи Дора Бакојани реши да формира нова партија откако беше исклучена од опозициската Нова демократија поради поради несогласувањето со политиката на партијата.
Бакојани гласаше за мерките на штедење што ги предложија владејачките социјалисти и го загуби местото во Нова демократија. Во партијата, што некогаш беше раководена од нејзиниот татко Константинос Мицотакис, кој поранешен премиер на Грција, таа членуваше три децении.
Бакојани денеска изјави дека нејзината нова партија Демократска алијанса е со центристичко-либерална ориентација и ја определи како „независно демократско движење“.
XS
SM
MD
LG