Достапни линкови

Ирска ќе побара заем од меѓународната заедница?


Ирскиот министер за финансии Брајан Ленихан изјави дека и препорачува на владата да побара заем и да отпочне отворени формални преговори со меѓународни кредитори за излез од должничката криза во која се наоѓа Ирска. Оваа изјава доаѓа по неколкунеделното шпекулирање во јавноста за потребата од меѓународна помош на Ирска за излез од должничката криза. Официјалните претставници на Меѓународниот монетарен фонд и Европската Унија веќе 4 дена се во Даблин во преговори за спас на банките кои за време на глобалната економска криза беа поддржани со државни пари. Владата денеска оддржува вонредна седница на која треба се финализира 4 годишната стратегија за штедење.
XS
SM
MD
LG