Достапни линкови

Дисквалификувани 19 кандидати за пратеници во Авганистан


Авганистанската изборна комисија денеска соопшти дка 19 кандидати за пратеници што претходно беа прогласени за победници се дисквалификувани поради измама и фалсификување на гласачки ливчиња. Еден од дисквалификуваните кандидадти за пратеници е прв братучед на авганистанскиот претседател Хамид Казаи. Конечните резултати од септемвриските парламентарни избори се уште не се објавени поради обемност на изборните поплаки.
XS
SM
MD
LG