Достапни линкови

logo-print

БиХ одбележува 15 години од Дејтонскиот Договор


Денеска во БиХ се одбележуваат 15 години од потпишувањето на Дејтонскиот Договор со кој се стави крај на војната во БиХ. Договорот беше создаден во воената база во Дејтон. Негови потписници беа тогашните претседатели на БиХ Алија Изетбеговиќ, Фрањо Туѓман на Хрватска и Слободан Милошевиќ на Србија во присуство на тогашниот американски државен секретар Ворен Кристофер. Петнаесет годни по потпишувањето, мислењата за него се уште се поделени а политичарите во БиХ и понатаму расправаат за негова ревизија. Високиот претставник на ЕУ во БиХ, Валентин Инцко вчера во Сараево изјави дека по 15 години од потпишувањето на Дејтонскиот договор во БиХ постојат добри економски потенцијали и можен е развој во политичката сфера.
XS
SM
MD
LG