Достапни линкови

Илјадници луѓе се собраа во Шангај во знак на жалост


Илјадници ожалостени луѓе денеска им оддадоа почит на жртвите од минатонеделниот пожар во Шангај. Со цвеќе во рака илјадници луѓе се собрале на местото каде што во опожарената зграда загинале 58 луѓе а 71 беа повредени. Новинските агенции јавуваат дека полицијата не им дозволила да се приближат до местото на оние луѓе кои немале цвеќе, со цел да спречат настанот да се претвори во протест против власта, поради незадоволство од справувањето на властите со катастрофата. Полицијата претходно уапси 12 луѓе вклучувајќи менаџери и работници за кои се верува дека биле вклучени во предивикувањето на пожарот.
XS
SM
MD
LG