Достапни линкови

САД немаат поблизок сојузник од Европа


Учесниците на самитот на НАТО во Лисабон

Учесниците на самитот на НАТО во Лисабон

Во обидите да покажат дека САД и ЕУ немаат многу различни гледишта за состојбата со глобалната рецеција, американскиот претседател Барак Обама и лидерите на Унијата синоќа одржаа мини-самит во Лисабон.

Американскиот претседател Барак Обама, на синоќешниот речиси двочасовнен мини-самит разговараше со претседателот на европскиот совет Херман Вон Ромпуј, со претседателот на европската комисија Жозе Мануел Баросо и со еврокомесарот за надворешна политика на Унијата Кетрин Ештон. На заедничката прес-конферанција соопштија дека главните теми на разговор биле економската соработка, безбедноста, енергетиката и животната средина. И двете страни апелираа до светските лидери да одолеат на искушението за девалвација на валутите во обидот да се стигне до брза заработка.

Обама изјави дека трговската размена меѓу САД и ЕУ на годишно ниво изнесува повеќе од 4 билиони долари.

„Односите на САД со нашите европски сојузници и партнери е камен темелник на нашиот ангажман во светот и тоа е катализатор за глобална соработка , без разлика дали е тоа создавање на работни места за нашиот народ или одржувањето на глобалното закрепнување или спречување на ширењето на нуклеарното оружје. САД немаат поблизок партнер од Европа“, вели Обама.

Американскиот претседател Барак Обама во разговор со неговиот руски колега Дмитриј Медведев и францускиот претседател Николас Саркози на Самитот на НАТО во Лисабон

Ромпуј ја истакна важноста од безбедносната соработка меѓу САД и Унијата.

„Ние делиме иста визија за иднината и безбедноста на нашите општетства кои се базираат врз слободен проток на луѓе, стоки, информации... Ваквиот начин на функционирање со себе носи и безбедносни проблеми како тероризмот, сајбер нападите и нарушениот пазар. Токму затоа решивме да го развиеме нашето партнертство во опсегот на безбедносните прашања“, вели Ромпуј.
Односите на САД со нашите европски сојузници и партнери е камен темелник на нашиот ангажман во светот и тоа е катализатор за глобална соработка.

На синоќешните убави зборови на двајцата лидери им претходи цела година исполнета со критики. Европската унија ја критикуваше одлуката на САД да префрли 600 милијарди долари од федерални резерви во американската економија. Земјите членки на ЕУ се загрижени дека Вашингтон се обидува да го искористи монетарното олеснување за да го ослабе доларот и да го зголеми извозот.

На дводневниот самит во Лисабон, покрај последанта средба на Обама со европските лидери, се донесоа неколку важни одлуки за иднината на земјите членки на НАТО. За прв пат НАТО и Русија одлучија да соработуваат во изградба на антиракетен штит. Русија за прв пат ќе му дозволи на НАТО да ги снабдува трупите на Алијансата во Авганистан со опрема преку руската терирорија, лидерите на НАТО се договорија од наредната година трупите да почнат постепено да се повлекуваат од Авганистан и до 2014-та авганистанските безбедносни сили целосно да ја преземат контролата во земјата. Лидерите усвоија и нов стратегиски концепт на Алијансата за наредните 10 години.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG