Достапни линкови

Најмалку 8 илјади Срби побарале азил


Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека од почетокот на годинава до сега 8 илјади српски граѓани побарале азил во Германија, Белгија и Шведска. Најголем број на азиланти има во Шведска каде за само 10 месеци пристигнале 6 илјади Срби кои барале азил. Дачиќ додаде дека Србија планира да ја заостри контролата на границите и ќе спроведе истрага да утврди која фирма стои позади овие организирани патувања за лажните азиланти.
XS
SM
MD
LG