Достапни линкови

Медведев, Обама и НАТО побараа ратификација на СТАРТ договорот


Рускиот претседател Дмитри Медведев заедно со неговиот американски колега Барак Обама и лидерите на земјите членки на НАТО го повикаа американскиот Сенат да го ратификува новиот договор на Русија со САД за намалување на нуклеарното вооружување. Тој побара од американските законодавци да покажат „поодговорен пристап“ и да го одобрат „СТАРТ“ договорот.
Медведев истакна дека руската Дума нема да го ратификува овој договор се додека тоа не го стори американскиот Сенат. Медведев изјави дека стратегијата за намалување на нуклеарното оружје за една третина не е само во интерес на Русија туку е и во интерес на САД и другите нации.
XS
SM
MD
LG