Достапни линкови

САД и ЕУ разговараа за безбедносни и економски прашања во Лисабон


Американскиот претседател Барак Обама и лидерите на Европската Унија ги повикаа водечките економски земји да одбегнуваат натпревар во девалвација на валутите со цел да си ги зајакнат трговските позициите. Овој повик доаѓа по синоќешниот самит на ЕУ и САД во Лисабон. Самитот кој траеше речиси два часа не резултираше со нова политичка иницијатива. На заедничката прес конференција по самитот лидерите на ЕУ и САД изјавија дека ќе продолжат да работат посветено на економскиот развој, безбедносните прашања и справување со климатските промени.
XS
SM
MD
LG