Достапни линкови

Соживотот во Куманово го расипаа политичарите, велат и Македонците и Албанците во овој град.

Соживотот помеѓу Македонците, Србите, Турците, Ромите и останатите, со нивните сограѓани Албанци во мултиетничко Куманово, според граѓаните главно се споменува помеѓу политичарите или невладините организации. Декларативно е сето тоа, сметаат запрашаните кумановци и додаваат дека во новосоздадените состојби на се поголеми поделби уште од образовните институции тешко дека ќе има иднина која ќе обезбеди добар заеднички живот. Децата, учениците и студентите во кумановско-липковскиот регион се образуваат во одделни институции, немаат спонтана меѓусебна комуникација и се повеќе се оддалечуваат едни од други.

РСЕ: Ако децата учат и студираат одделно ќе има ли добар соживот?
Ако учат заедно ќе има, ако учат одделно нема да има. Одвоени тие ќе се делат, ќе се караат. Соживот со Албанците кумановци нема проблеми, но со оние дојдени од Косово, со нив не може да се живее добро


„Ако учат заедно ќе има, ако учат одделно нема да има. Одвоени тие ќе се делат, ќе се караат. Соживот со Албанците кумановци нема проблеми, но со оние дојдени од Косово, со нив не може да се живее добро.“

„Не знам, прости, брзам!“

„Ако нема подобро решение, но подобро би било да се мешани децата. Така би имале можност да се зближуваат.“

„Не, не можеме да градиме соживот ако учениците и студентите се одвоени. Тоа значи ние не сме со иста цел. Не градиме иста држава.“

„Ако некогаш успееме да го вратиме она што беше порано, да имаме заедничко училиште, да го вратиме братството-единството што
Не, не можеме да градиме соживот ако учениците и студентите се одвоени. Тоа значи ние не сме со иста цел. Не градиме иста држава
мислам дека „големите глави“ многу малку работат на тоа, тие ни го сервираа овој ручек што сега ниту ние не можеме да го јадеме, ниту тие ќе го јадат.“

И додека младите кои раснат одделно немаат можности за дружење и пријателства, ниту возрасните не можат да им бидат добар пример.

РСЕ: Имате ли пријатели Албанци?

„Сум имал, сме се дружеле и до сега не сум имал проблеми. За жал, од она што го гледаме во медиумите сега не се дружат, а би требало, зашто живееме во една иста држава, и нормално би било да се дружат.“

„Имам. Многу имам. И моите деца имаат и разговараат. И Албанците не мислат сите исто, како и нашите. Имаме луѓе со различни размислувања. За 40 години никогаш не ми пречел Албанец, еве и сега бев кај Албанец, и пак ќе одам кај Албанец."

За надминување на овој проблем:

„Треба да седнеме родители, ние постарите што имаме пријатели, да се прошируваат пријателствата, како и младите, за да можеме да одиме напред.“

РСЕ: Такви проекти имаат невладините организации.

„Тие НВО мене повеќе ми личат на политички организации, без оглед кои се. На глобално ниво нив ги водат некои луѓе од некој систем за повеќе пари. Мислам дека не им одговара на некои да живееме добро. Ни направија маска, шминка, очите ни ги извадија."
Власта така сака. Власта е виновна за тоа. Одозгора водата се мати, не одоздола


Жител од липковско село пак, смета:

„Власта така сака. Власта е виновна за тоа. Одозгора водата се мати, не одоздола.“

РСЕ: Имате ли пријатели кои не се Албанци?

„Јас сум од село и не сум имал контакт. Не сум имал никогаш проблеми.“

РСЕ: Ги мразите ли другите?

„Не. Нема зошто да мразам. Никого не мразам и мене никој не ме мрази, си ја гледам мојата работа.“
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG