Достапни линкови

logo-print

НАТО и Русија се договорија да соработуваат


Генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен

НАТО и Русија одлучија да соработуваат во изградба на антиракетен штит кој ќе ја штити Европа. Ова го изјави генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен на прес конференција по средбата на лидерите на Алијансата со рускиот претседател Дмитри Медведев во Лисабон, пренесува новинската агенција Франс прес. Расмусен додаде дека и двете страни се согласија дека се соочуваат со многу безбедносни предизвици, но не претставуваат никаква закана едни на други.

„За прв пат во историјата НАТО и Русија ќе соработуваат во заедничка одбрана, Русија ќе знае без сомнеж дека системот нема да биде насочен против неа, нашите граѓани ќе делат зголемена безбедност. Тоа е без председан“ вели Расмусен.

Тој додаде дека сега е време НАТО и Русија да „ја модернизираат сооработката и да изградат вистинско партнертво“.

„Русија за прв пат ќе му дозволи на НАТО преку руската терирорија да ги снабдува со опрема трупите на Алијансата во Авганистан.“
XS
SM
MD
LG