Достапни линкови

Ватикан: Апстиненцијата не е доволна превентива од ХИВ вирусот


Папата Бенедик 16-ти изјави дека е прифатливо понекогаш да се користат презервативи особено, како што вели „во одредени случаи за да се намали ризикот од инфекција со ХИВ вирусот“. Овој став на папата е дел од неговата нова книга насловена „ Светлината на светот, Папата, Црквата и знаците на времето“.
До сега Ватикан стоеше цврсто на ставот дека единствен начин на контрацепција и превенција од сексуално преносливи болести е апстиненција.
Во мај минатата години при посета на Африка, Папата Бенедик 16-ти рече дека „болеста е трагедија која не може да се надмине преку дистрибуција на презервативи кои дури ги влошуваат проблемите“.Со оваа изјава папата наиде на меѓународна осуда.
XS
SM
MD
LG