Достапни линкови

Обама се сретна со Карзаи на маргините на НАТО самитот


Американскиот претседател Барак Обама се сретна со неговиот авганистански колега Хамид Карзаи на маргините на самитот на НАТО во Лисабон. Ова е прва средба на двајцата претседатели откако во мај Карзаи го посети Обама во Белата Куќа.
На самитот во Лисабон лидерите на НАТО се договорија од наредната година трупите да почнат постепено да се повлекуваат од Авганистан и до 2014-та авганистанските безбедносни сили целосно да ја преземат контролата во земјата.
XS
SM
MD
LG