Достапни линкови

Медведев и НАТО лидерите ги почнаа разговорите за антиракетниот штит


Лидерите на НАТО и рускиот претседател Дмитри Медведев денеска започнаа дискусија за соработка и развој на антиракетен штит.
Пред почетокот на разговорите генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен изјави дека е дојдено време НАТО и Русија да „ја модернизираат сооработката и да изградат вистинско партнертво“. Расмусен додаде дека денеска ќе почнат со разговори за тоа како да НАТО и Русија да развијат ракетна одбранбена соработка.Се уште има многу неодговорени прашања во ова поле но најбитно е што за прв пат земјите од Алијансата заедно со Русија разговараат за соработка за заштита и безбедност на европската територија и население.
Американскиот претседател Барак Обама вчера изјави дека Русија ќе биде поканета да учествува во развојот на тој штит.
Се уште не објавено конкретно каква ќе биде улогата на Русија во развојот на новиот антиракетен одбранбен систем.
Претходно Русија го критикуваше САД за поставување на делови од антиректниот штит во Централна Европа, тврдејќи дека тоа претставува закана за руската национална безбедност.
Лидерите на НАТО самитот денеска во Лисабон ја утврдија излезната стртегија од Авганистан, според која во 2014-та Aвганистанците треба да ја преземат целосната контрола во земјата.
XS
SM
MD
LG