Достапни линкови

logo-print

Неформална средба на Иванов со Обама и Меркел


Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов на неформална средба со американскиот претседател Барак Обама во салата за состаноци на самитот во НАТО

Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов во рамките на НАТО самитот во Лисабон остварил неформална средба со американскиот претседател Барак Обама кој изразил жалење што Македнија се уште не е членка на Алијансата, и истакнал дека САД сака да помогне за што е можно поскоро да се најде решение за спорт. За истата тема Иванов разговарал и со германската Канцеларка Ангела Меркел која на неформалната средба покажала интерес дали има позитивни поместувања во однос на преговорите со Грција, јавува новинската агенција МИА. Во завршното коминике од Самитот на НАТО во Лисабон каде ќе биде заведен новиот стратегиски концепт, се очекува да биде повторен и за заклучокот од Букурешт, односно, како што јавува МИА, дека Македонија е подготвена да стане полноправначленка на Алијансата но откако ќе се најде взаемно прифатливо решение за името со Грција.
XS
SM
MD
LG