Достапни линкови

logo-print

Обама: Ратификацијата на СТАРТ е од фундаментално значење


Американскиот претседател Барак Обама денеска го повика американскиот Сенат да го ратификува договорот за намалување нуклеарното вооружување со Русија. Обама во својот говор на самитот на НАТО истакна дека ратификацијата на договорот СТАРТ е од фундаменатлно значење за националната безбедност. Тој додаде дека без ратификација на овој договор, Русија може да биде помалку кооперативна во спроведувањето на санкциите кон Иран или во помошта за САД со опремување на трупите во Авганистан. Договорот СТАРТ, кој е еден од десетте главни иницијативи од надворешната политика на Обама, наиде на отпор од републиканските сенатори.
XS
SM
MD
LG