Достапни линкови

logo-print

Инцко: Успехот за БиХ е на дофат


Високиот претставник на ЕУ во БиХ, Валентин Инцко денеска во Сараево изјави дека по 15 години од потпишувањето на Дејтонскиот договор,во БиХ постојат добри економски потенцијали и можен е развој во политичката сфера. Тој додаде дека по изборите оддржани минатиот месец, политичарите имаат шанса да се оттргнат од заострената реторика што ја користеа за време на кампањата и да се фокусираат врз вистинските предизвици со кои се среќаваат граѓаните. Инцко истакна дека ЕУ активно им помага на земјите од Западен Балкан да се подготват за полноправно членство во Унијата и дека на БиХ и дава финансиска помош од 100 милиони евра годишно.
XS
SM
MD
LG