Достапни линкови

ЗНМ го одложи Изборното собрание


Здружението на Новинари го одложи денешното Изборно собрение на кое требаше да се избере ново раководство. Актуелниот претседател Роберт Поповски изјави дека причина за одложувањето се големиот број на пријави за членство во ЗНМ, кои не можеле да ги прегледаат толку брзо. За само една недела пристигнале над 300 апликации. Поповски додаде дека наредното собрание ќе се оддржи за две до три недели.
XS
SM
MD
LG