Достапни линкови

НАТО целосно ќе се повлече од Авганистан во 2014


НАТО најави дека до крајот на 2014-та година во целост ќе им ја предаде одговорноста за безбедноста на авганистаските воени сили.Денеска на почетокот на вториот ден од самитот во Лисабон, генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен изјави дека Алијансата ќе почне наредната година постепено да го спроведува овој план со остапување од одредени регини во Авганистан. Тој додаде дека Алијансата ќе остане во земјата и по трензицијата за да превенира евентуално враќање во воениот хаос. Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи денеска ќе има обраќање на самитот.
XS
SM
MD
LG