Достапни линкови

logo-print

Ирска во наредните 4 години треба да го намали дефицитот


Ирски владини претствници утре ќе оддржат состанок на кој ќе го финализираат 4 годишниот план за намалување на буџетскиот дефицит со што ќе го отворат патот за пакетот меѓународна финансиска помош. Се очекува потоа да бидат објавени и детали за финансиската помош. Претставници на Меѓународниот монетарен фонд и Европската Комисија денеска се во Даблин за да разговараат околу тоа како Ирска да излезе од финансиската криза и како да го спречат ширењето на ирските проблеми во еврозоната. Германскиот министер за финансии Рајнер Брудерле изјави дека ирскиот економски колапс нема да ги стави во опасност земјите членки на еврозоната.
XS
SM
MD
LG