Достапни линкови

Неформални средби на Иванов во Лисабон


Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов денеска во рамките на НАТО самитот неформално се сретна со американскиот државен секретар Хилари Клинтон, Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, Претседателот на Европскиот Совет Херман Ван Ромпуј , со неговите колеги од Турција и Авганистан. Како што јавува МИА, Клинтон и Ромпуј на средбата со Иванов изразиле целосна подготвеност за тесна соработка, а Бан Ки Мун му се извинил на Иванов за неодамнешниот случај со отстранувањето на македонскиот јазик од графата на регистарот на ОН.
XS
SM
MD
LG