Достапни линкови

Раскол во Српската Православна Црква


Припадници на Косовската полициска служба изутрината принудно ги извеле сега веќе бившиот владика Артемије и групата негови приврзаници од манастирот Дубоки Поток, во општина Зубин Поток на Косово. Владиката Артемије беше расчинет синоќа со одлука на Саборот на Српската Парвославна Црква и беше вратен во редот монаси. Артемије беше пензиониран во мај бидејки беа утврдени финансиски малверзации во неговата рашко-призренска епархија, но тој со група приврзаници, пред два дена, влезе во манастирот Дубоки Поток и одбиваше да го напушти.
XS
SM
MD
LG