Достапни линкови

Карзаи ќе се обрати до учесниците на самитот на НАТО


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи денеска ќе им се обрати на лидерите на НАТО и на другите учесници на самитот во Лисабон во врска со плановите за примо-предавање на одговорноста за безбедноста во земјата. Американскиот претседател Барак Обама вчера изјави дека разговорите ќе бидат фокусирани на тоа како авганистанците целосно да ја превземат контролата за безбедноста во својата земја до 2014-та година. Меѓутоа, има и мислења дека тој рок е преоптимистички. На овој состанок ќе учествува и македонската делегација.
XS
SM
MD
LG