Достапни линкови

Лисабон, пресвртница и за НАТО?


Во Лисабон почна дводневниот самит на НАТО на кој се гледа како на камен темелник на новата иднина на Алијансата. Новиот стратегиски концепт, ракетната одбрана и Авганистан се на врвот на темите, но тука се и односите на НАТО со Русија. На состаноците во Лисабон учествува и македонска делегација предводена од претседателот Ѓорге Иванов.

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен изјави дека очекува овој самит да биде еден од најважните во шеесет и едно годишното постење на Алијансата.

,,На овој самит во Лисабон ќе го стартуваме новото НАТО, новата верзија 3.0, односно Алијанса адаптирана да се соочи со предизвиците на 21 век.,,

Според медиумите, 28 те членки на НАТО се многу блиску до постигнување договор за новиот балистички одбранбен систем со кој се заменува поранешната верзија поради спротивставувањето на Русија.

Алијансата се обидува да ја убеди Русија да учествува во таквиот ракетен систем како дел од приближувањето на Западот кон Москва.

,,Тука европејците заедно го потпишаа основниот договор со кој ја зацврстија нивната унија. Сега дојдовме во Лисабон да ја ревитализираме НАТО алијансата за 21 век, како и партнерството меѓу Соединетите држави и Европската унија.,,

Изјави по пристигнувањето во Лисабон американскиот претседател Барак Обама.
Тука европејците заедно го потпишаа основниот договор со кој ја зацврстија нивната унија. Сега дојдовме во Лисабон да ја ревитализираме НАТО алијансата за 21 век, како и партнерството меѓу Соединетите држави и Европската унија.

Германскиот канцелар Ангела Меркел денеска изрази надеж дека самитот ќе биде пресвртница во односите на НАТО со Русија. Идејата за заеднички ракетен штит, според неа, е од клучно значење.

Во меѓувреме, во Москва главниот советник на претседателот Дмитриј Медведев за надворешна политика Сергеј Пирходко изјави дека Медведев во Лисабон ќе ја изложел својата визија на заедничкиот одбранбен систем.

Самитот НАТО Русија што ќе се одржи утре во Лисабон е првиот на кој ќе учествуваат Медведев и Обама.

Но, новите членки од источна Европа како Полска и балтичките држави каде што сеќавањата од советската ера се уште се силни, остануваат скептични.

Полскиот претседател Бронислав Коморовски вели дека релациите меѓу НАТО и Русија не треба да бидат на сметка на безбедносните интереси на членките од источна Европа.

И покрај тоа, генералниот секретар Расмусен останува на ставот за поголема соработка на релацијата Москва Брисел.

,,Уверен сум дека Русија го дели нашето мислење оти е дојдено време да запре меѓусебното страхување. Дојде време да работиме заеднички и тоа ќе го правиме.,,

На самитот се очекува НАТО да се заложи за предавање на безбедноста во Авганистан на авганистанските сили до 2014 година.

На состанокот посветен на ситуацијата на таа земја покрај членките на НАТО ќе учествуваат и 48 земји кои придонесуваат во мисијата на Алијансата. Даг Лут, специјалниот советник на Обама за Авганистан и Паксистан, вели дека и покрај повлекувањето Алијансата ќе им помага на авганистанците.

,,Со цел да се уверат авганистанците дека нема да бидат оставени сами, НАТО се очекува да одобри трајно партнерство со Авганистан.,,

Тоа во денешната порака го повтори и претседателот Обама кој вети дека НАТО ќе се остане во Авганистан и по 2014 година.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG