Достапни линкови

СДСМ најавува кампања за предвремени избори


Опозициската СДСМ во наредниот период ќе побара од власта да распише предвремени избори, а битката за тоа ја почнува со митинг в недела во Штип, информира денеска потпретседателот на партијата Гордан Георгиев. ,,Бидејќи Македонија нема да влезе во НАТО на овој самит, сметаме дека треба едноставно да си ги пробаме силите на избори, да покажеме кој за каква Македонија се залага и како граѓаните ги перципираат двете најголеми партии,, изјави Георгиев. Според него, членството во НАТО и ЕУ не е приоритет на владата, а пример за тоа, како што наведе, било неучеството на премиерот Груевски на самитот во Лисабон.
XS
SM
MD
LG