Достапни линкови

Со нови седум милиони дрвца, владините министри, опозицијата, јавната администрација се растрчаа по ридовите за да ја засадат својата иднината.

Речиси сите министри се растрчаа по околните ридови и планини, да засадат дел од својата иднина.
Првата акција Ден на дрвото беше спроведена на 12 март 2008 година кога беа засадени два милиона дрвја. Во изминативе пет акции се засадени околу 27 милиони дрвја. За денеска се планира да се засадат уште 7 милиони дрвца.
Овие показатели со тоа што според зборовите на дел од стручњаците дека Македонија е најсува, најгола на Балканот, тоа говори дека во такви услови какви што се македонските, тоа дава многу добар резултат, тоа го зборуваат и други експерти.

Дел од професорите на Шумарскиот факултет, за време на претходните акции за пошумување предупредуваа дека ако садниците нестручно се засадат нема да се фатат. Иницијаторот на акцијата, оперскиот пејач Борис Трајанов вели дека анализите на Инспекторатот за шуми на Министерството за земјоделство покажуваат оти акцијата е исклучително успешна. Во 2008 се фатиле 57 отсто од садниците, додека минатата година преживеале повеќе од две третини од засадените дрвца, вели Трајанов.

„Овие показатели со тоа што според зборовите на дел од стручњаците дека Македонија е најсува, најгола на Балканот, тоа говори дека во такви услови какви што се македонските, тоа дава многу добар резултат, тоа го зборуваат и други експерти.“

Трајанов нагласува дека ваквите акции ја развиваат и еколошката свест кај луѓето.

„Денот на дрвото направи навистина една еколошка револуција.“

Трајанов информира дека оваа година се засадуваат повеќе листопадни отколку зимзелезни дрвја, зашто повеќе одговараат за во
Денот на дрвото направи навистина една еколошка
револуција.
околината на градовите.

И опозицијата се фати за работа?

Денот на дрвото е еден од ретките проекти кои се подржани и од власта и од опозицијата. Иако минатите години, имаше критики дека власта го користи Денот на дрвото за своја промоција, денеска и опозицијата е активно вклучена во садењето на иднината.

,,Јас денеска дадов поддршка во мојата општина, во општина Струмица заедно со општинската администрација и градоначалникот излеговме, дадовме поддршка и засадивме дрвца. Јас пред се сум за заштита на животната средина“, вели пратеничката Цветанка Иванова од СДСМ.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG