Достапни линкови

Важноста на НАТО под прашалник?


Лисабон

Лисабон

Како што НАТО се подготвува да го открие новиот безбедносен концепт за 21 век, така се повеќе се става под сомневање важноста на Алијансата во поделената Европа. Русија од поодамна бара нова европска безбедносна структура, но за некои токму договорањето со Москва треба да е најважно за НАТО.

Првиот стратегиски концепт на НАТО во изминатава декада има за цел да ја зацврсти Алијансата со главни приоритети: сајбер одбраната и новиот ракетен штит.

Промените треба да бидат обелоденети по самитот во Лисабон.

Но, еден од главните проблеми на НАТО и натаму останува отворен: Како со Москва?

Генералниот секретар на НАТО расмусен и претседателот на Русија Медведев во Москва

Врските полека напредуваат по руската инвазија врз Грузија во 2008 година, а генералниот секретар Андерс Фог Расмусен деновиве ја поздрави одлуката на претседателот Дмитри Медведев да учествува на самитот.

„Мислам дека самитот во Лисабон ќе биде свеж почеток на односите меѓу Русија и НАТО.“

Со исто мислење е и германската канцеларка Ангела Меркел.

„Моето мислење е, а и Русија постојано се согласува дека тероризмот, колапсот на државите, нуклеарното оружје се закана за сите и затоа ние треба заеднички да им се спротивставиме.,,

Но, не сите европски земји се убедени во руските намери.
Моето мислење е, а и Русија постојано се согласува дека тероризмот, колапсот на државите, нуклеарното оружје се закана за сите и затоа ние треба заеднички да им се спротивставиме.


Некои поранешни советски републики како Естонија например, предупредува дека Русија со развојот на поблиските односи со Германија и Франција всушност се обидува да го поткопа западното единство.

Тие стравуваат дека постарите членки на НАТО веќе не инсистираат на почитувањето на европските вредности во Русија во замена за руското енергетско снабдување и економските односи со Москва.

Критичарите додаваат и тоа дека руските повици за нова европска безбедносна структура имаат единствена цел зацврстување на улогата на Москва во меѓународните односи и поткопување на постојните структури како НАТО.

Во предлогот на Москва се именуваат Соединетите Држави, Европската унија и Русија како три гранки на европската цивилизација.

Тоа за некои експерти како Андреј Пионтковски е нереален предлог бидејќи на таков начин ќе и се даде на Москва контрола врз она што го гледа како своја сфера на посебен интерес во поранешната советска територија.

„Тоа е институционализација на доктрината на Медведев, што ја постави како приоритет веднаш по грузиската војна.“


Пионтковски додава дека Медведев е поканет во Лисабон, бидејќи на Обама страшно му треба руската поддршка за Авганистан, Иран и другите надворешно политички приоритети.

Тој додава дека внатре во Европа веќе се гледаат знаци на бегање од потпирањето врз НАТО, како што е неодамнешниот договор меѓу Британија и Франција за размена на воена опрема.

Тоа, според него, е доказ на новата тенденција некои земји да ги здружуваат нивните напори поради се помалиот интерес на Вашингтон за европската безбедност.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG