Достапни линкови

САД почнаа да ’ќаруваат‘ од спасот на Џенерал Моторс


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека американските даночни обврзници се на добар пат да добијат повеќе пари, отколку што неговата администрација потроши за опоравување на фирмата Џенерал Моторс. Акциите на компанијата денеска се зголемија за 7 отсто, на првиот ден на тргување, откако ЏМ понуди на продажба рекорден број акции. Фирмата ги понуди акциите по 33 долари, а тие достигнаа речиси 36 долари. Автомобилскиот гигант продаде акции во вредност од 20,1 милијарди долари, со што ова стана најголема продажба на акции во историјата на САД.
XS
SM
MD
LG