Достапни линкови

Пентагон - 2014 е цел, а не краен рок за повлекување од Авганистан


Во американското Министерство за одбрана соопштуваат дека 2014 година, терминот кога треба да им ја предадат одговорноста за безбедноста во Авганистан на тамошните безбедносни сили е нивна цел, а не краен рок. Одговорниот за односи со медиуми во Пентагон, Џеф Морел изјави дека можеби Авганистанците до крајот на 2014 нема да бидат способни да ја контролираат целата територија. Тој додаде дека и после тоа во земјата можеби ќе останат американски сили за подршка на Авганистанците.
XS
SM
MD
LG