Достапни линкови

Русија сака фер судење за шверцерот на оружје Бут


Русија само сака да биде задоволена правдата во случајот на осомничениот дилер со оружје Виктор Бут, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров. Бут се наоѓа во Соединетите Држави, каде беше екстрадиран од Тајланд. Москва го омекнува тонот во врска со овој случај и сега Лавров вели дека владата не тврди дека Бут не направил никакви нелегални активности, туку сака само фер судење.
XS
SM
MD
LG