Достапни линкови

Малостопанствениците против украинскиот даночен закон


Парламентот во Украина го изгласа новиот Закон за данок. На гласањето му претходеше протест на околу две илјади сопственици на мали бизниси кои се собраа пред Собранието. Критичарите на овој закон велат дека со измените ќе се намали даночниот товар на големите фирми, но помошта за малите и средни претпријатија ќе биде сосема мала, а можеби и ќе им наштети. Протести имаше и во Киев, Харков и Доњецк. Ова се најголемите анти-владини демонстрации, откако претседателот Виктор Јанукович ја презеде функцијата во февруари.
XS
SM
MD
LG