Достапни линкови

Брамерц: Младиќ или вешто се крие или не се води добра истрага


Главниот Хашки обвинител Серж Брамерц денеска во Хаг изјави дека Ратко Младиќ или вешто се крие или потрагата по него не е доволно добра.Тој додава дека ако се крие јасно е оти постои мрежа на помагачи која најверојатно е од воените структури, но од друга страна можно е истрагата што се води да не е доволно добра. Како што вели тој во 2006-та година намерно била испуштена приликата да се уапси Младиќ. Во Советот за безбедност на Обединетите Нации на 6-ти декември ќе се разгледува извештајот што вчера Брамерц го доставил за соработката на Србија со Хашкиот Трибунал.
XS
SM
MD
LG