Достапни линкови

ОБСЕ го поздрави ослободувањето на блогер во Азербејџан


Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиуми Дуња Мијатовиќ ја поздрави одлуката на Апелациониот суд во Азербејџан да го ослободи од затвор блогерот Аднан Хајизаде. Таа ги повика азербејџанските власти да ги ослободат блогерот Емин Мили и уредникот Ејнула Фатулајев. По ослободувањето Хајизаде изјавил дека не е криминал и побара неговиот колега да биде ослободен. Двајцата блогери беа осудени на две години затворска казна затоа што ја исмеале владата со постирање на видео на интернет на кое магаре држи прес конференција.
XS
SM
MD
LG