Достапни линкови

Обама: Ратификацијата на СТАРТ е национален безбедносен императив


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека годинава ратификацијата на новиот договор со Русија за намалување на нуклеарното вооружување во Сенатот е национален безбедносен императив.
Обама денеска на оваа тема разговараше со поранешните државни секретари Медлин Олбрајт, Џејмс Бејкер, Хенри Кисинџер и поранешните министри за одбрана Вилијам Коен и Вилијам Пери.
Републиканците се обидуваат да го одложат ратификувањето додека Обама сака да се ратификува договорот пред демократското мнозинство во Сенатот да се намали на 51 член, затоа што за ратификација се потребни се најмалку 67 гласа.
XS
SM
MD
LG