Достапни линкови

logo-print

ОН бара повеќе пари за жртвите од трговија со луѓе


Шефот на Канцеларијата за борба против криминал и дрога на Обединетите нации Јуриј Федотов побара од членките да помогнат да се збогати фондот со кој ќе им се помага на жртвите од трговија со луѓе. Тој денеска во Виена изјави дека фондот до сега располага со сума од 800 илјади долари која не е доволна. До сега донатори во фондот се Катар, Луксембург, Египет, Белорусија и Малезија. Фондот е формиран пред двенедели и има за цел да им понуди на жртвите од трговија со луѓе праван и финансиска помош.
XS
SM
MD
LG