Достапни линкови

Медведев и Ахмадинеџад се сретнаа во Баку


Рускиот претседател Дмитри Медведев му порача на неговиот ирански колега Махмуд Ахмадинеџад дека иранската нуклеарна програма мора да биде мирољубива. Двајцата претседатели се сретнаа денеска на маргините на самитот на лидерите од Каспискиот регион во Баку. Средбата следува по кратко заладување на односите меѓу Москва и Техеран, по одлуката на Русија да се откаже од продажбата на ракетниот систем С300 на Иран. Русија ги поддржа санкциите на Советот за безбедност на Обединетите Нации против Иран.
XS
SM
MD
LG