Достапни линкови

Милошоски: Папуљас шири старомоден национализам


Изјавата на грчкиот претседател Каролос Папуљас дека „бескомпромисните позиции на Македонија ја држат земјата надвор од НАТО и ЕУ“ потсетува на еден старомоден национализам.
Ова го изјави денеска во Скопје, министерот за надворешни работи Антонио Милошоски надоврзувајќи се дека македонско -грчкиот дијалог треба да продолжи.
Тој додаде дека поканата што ја испрати до медијаторот во преговорите Метју Нимиц е порака за отворена соработка.
XS
SM
MD
LG