Достапни линкови

Скандал во ФИФА, гласови за пари


Светската фудбалска федерација ФИФА суспендирала два члена на Извршниот комитет поради обид да тргуваат со гласовите за изборот на домаќини на светските првенства во 2018-та и 2022 –та година. Етичкиот комитет ги суспендираше Амос Адаму на три години и Рејналд Темариј на една година.
Новинари тајно ги снимиле членовите како се обидуваат да ги понудат гласовите на продажба на некои земји за да им обезбедат организација на Мундијалот. Тајното гласање на 22 претставници на ФИФА ќе се оддржи на 2 декември во Цирих.
XS
SM
MD
LG