Достапни линкови

Нобеловата награда за мир нема да биде врачена


Секретарот на комитетот за Нобеловата награда за мир соопшти дека годинешната награда можеби нема да биде врачена бидејки никој од семејството на добитникот, кинескиот дисидент Лиу Џиаобо, нема да присуствува на церемонијата. Според правилата, наградата може да ја превземе само добитникот или блиски членови на семејството. Џиаобо е во затвор, а неговата сопруга е во домашен притвор. Церемонијата во Осло е закажана за 10-ти декември, а Кина врши притисок врз многу земји во светот да не присуствуваат.
XS
SM
MD
LG