Достапни линкови

Бан Ки Мун ќе се сретне со лидерите на кипарските заедници


Генералниот секретар на ОН денеска во седиштето на ОН во Њујорк ќе се сретне со лидерите на двете кипарски заедници. Се очекува тој да ги поттикне на преговорите за уредување на кипарското прашање. Бан Ки Мун ќе го прими претседателот на Кипар Димитрис Христофиас и лидерот на кипарските Турци Дервиш Ероглу, за да утврди дали тие можат да постигнат договор за излез од ќорсокакот, кој се заканува да ги наруши преговорите кои траат над две години.
XS
SM
MD
LG