Достапни линкови

Вицепремиерот Ставревски очекува раст од 3,5 отсто догодина. Опозицијата оценува дека проекциите на владата се преоптимистички.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески очекува економскиот раст наредната година да достигне 3,5 отсто. На заедничка прес-конференција со шефот на Мисијата на ММФ за Македонија Вес Мекгру и гувернерот на Народната банка на Македонија Петар Гошев, Ставрески рече дека очекува, во втората половина од годинава да продолжи зголемување на извозот, да се стабилизира потрошувачката, да се намалуваат каматните стапки и да продолжи зголемувањето на депозитите и високата стапка на дознаки.

Очекуваме и зголемување на инвестициите, каде што големо влијание ќе има и јавниот сектор, односно капиталните инвестиции, вели Ставрески.
За следната година планираме зголемување на капиталните инвестиции и заедно со заживувањето на приватната инвестициона активност, ќе овозможи да се реализира планираниот раст од 3,5 проценти на економијата за следната година.


„За следната година планираме зголемување на капиталните инвестиции и заедно со заживувањето на приватната инвестициона активност, ќе овозможи да се реализира планираниот раст од 3,5 проценти на економијата за следната година.“

Економскиот раст годинава беше бавен, но се очекува да се забрза наредната година. Ова е оценката од двонеделната Мисија на ММФ во земјава. Шефот на Мисијата на ММФ за Македонија Вес Мекгру рече дека се чини оти негативните трендови што доведоа до рецесија во 2009 и на почетокот на оваа година се намалуваат. Сепак, Мекгру вели дека се уште постојат ризици.

„Извозот се зголемува, каматните стапки се намалуваат, депозитите се зголемуваат. Има солидна ликвидност на банките и сето тоа придонесува за подобри резултати и зголемување на растот за следната година.“

Од друга страна опозицијата реагира, дека проценките на Ставрески за раст од 3,5 отсто се преоптимистични. Пратеникот Марјанчо Николов од опозицискиот СДСМ вели дека е се уште неизвесно дали во 2010 ќе се
Сметаме дека проекцијата на владата е преоптимистичка за сега и најмногу се дава за да се направи поголем буџет за 2011 година и врз основа на тоа да се собираат и повеќе пари од стопанството и
граѓаните.
оствари планираниот раст од два отсто, за да може да се даде поточна проекција за 2011 година. Дури и претставникот на ММФ не излезе со конкретна проценка за растот, што значи дека или не се согласува со проекцијата или има резерва и за сега не може да даде точна проценка, вели Николов.

„Сметаме дека проекцијата на владата е преоптимистичка за сега и најмногу се дава за да се направи поголем буџет за 2011 година и врз основа на тоа да се собираат и повеќе пари од стопанството и граѓаните.“

Гувернерот на Народната банка Петар Гошев рече дека и наредната година НБРМ продолжува со политиката на стабилен девизен курс и држење на инфлацијата под контрола.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG