Достапни линкови

Рен:Нема одложување на меѓународната помош за Грција


Еврокомесарот за економија и монетарни прашања Оли Рен денеска изјави во Брисел дека нема да има одложување на меѓународната помош наменета за извлекување на Грција од кризата.
Претходно австрискиот министер за финансии Јозеф Проел изјави дека лидерите од еврозоната ги чекаат извештаите на мисиите на ЕУ и ММФ за ефектите од мерките за штедење во Грција, пред да одлучат дали да го одобрат наредниот дел од пакетот за помош. Грчкото министертво за финансии денеска во Атина соопшти дека во декември ќе им биде одобрена и наредната рата од финансискиот пакет од Европската Унија и ММФ.
XS
SM
MD
LG