Достапни линкови

Уапсен расчинетиот владика Вранишковски


Бугарската полиција синоќа на бугарско- српската граница го привела расчинетиот владика Јован Вранишковски.Македонското Министерство за внатрешни работи потврди дека бугарската полиција му одредила 24 часовно задржување, а е задржан врз основа на меѓународната потерница издадена од македонското Интерпол биро. На Вранишковски е осуден на две и пол години казна затвор поради кривично дело „ затајување“, односно злоупотреба на 250 илјади евра црковни пари.
XS
SM
MD
LG