Достапни линкови

Милошоски се сретна со Ингебригстен


Македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски денеска се сретна со државниот секретар на Министерството за одбрана на Кралството Норвешка, Роџер Ингебригстен. МНР соопшти дека Ингебригстен изразил задоволство од заедничкото учество во ИСАФ мисијата во Авганистан. Тој изјавил дека ја гледа Македонија како земја која придонесува за регионалната безбедност и стабилност, и изразил надеж дека во најскоро време ќе го добие заслуженото место како полноправна членка на Алијансата. Во соопштението е наведено дека Милошоски изјавил дека токму заедничкиот воен ангажман во мисијата на НАТО е пример за отворена и пријателска соработка меѓу Македонија и Кралството Норвешка.
XS
SM
MD
LG