Достапни линкови

Авиони недозволено прелетувале над Иран


Иранскиот генерал Хамид Арџани изјави дека странски авиони недозволено навлегле во иранскиот воздушен простор за време на одржувањето на воените вежби. Тој додаде дека неиндетификуваните авиони неколку пати прелетувале се додека не биле пресретнати од иранските борбени авиони. Иранските петтдневни воздушни воени вежби имаат за цел да ги тестираaт одбранбените способности на земјата во случај на можни напади врз нуклеарните објекти. Соединетите Американски Држави и Израел не ја отфрлаат можноста за воен напад со цел да го спречат Иран да направи нуклеарно оружје.
XS
SM
MD
LG