Достапни линкови

Германија стравува од терористички напади


Германија денеска ја зголеми безбедноста на аеродромите и железничките станици, откако доби конкретни докази за можни терористички напади врз земјата. Министерот за внатрешни работи Томас де Мејцир изјави дека од држава која не ја именуваше добиле предупредување и докази за можни терористички напади при крајот на месецов. Тој додаде дека постојат причини за загриженост, но не и за, како што вели, „хистерична паника“. Минатиот месец властите пронајдоа на еден од германските аеродроми, пратка со експлозив испратена од Јемен за САД.
XS
SM
MD
LG