Достапни линкови

Заменикот на Садам Хусеин нема да биде егзекутиран


Ирачкиот претседател Џалал Талабани денеска во интервју за француска телевизија „Франс 24“ изјави дека нема да ја потпише смртната казна изречена минатиот месец за поранешниот заменик на Садам Хусеин, Тарик Азиз. Тој додаде дека сочуствува со Азиз, кој е христијански Ирачанец и човек кој има 74 години. Ирачкиот суд го го осуди Азиз на смртна казна поради обвинувањето за прогонството на исламистичките партии. Азиз е во затвор од 2003-тата година и е во лоша здравствена состојба.Ватикан и Русија бараа од Ирак да не ја спроведе смртната казна поради хумани причини.
XS
SM
MD
LG