Достапни линкови

Германците ќе одат во пензија на 67 годишна возраст


Германската влада, и покрај барањата на синдикатот и опозицијата, не сака да отстапи од планот вработените да заминат во пензија на 67 годишна возраст. Кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел, денеска го усвои извештајот на Министерството за труд во врска со положбата на повозрасните луѓе на пазарот на трудот. Според податоците од извештајот, во последниве 10 години бројот на вработени луѓе на возраст од 60 до 65 години двојно се зголемил и сега изнесува 38 проценти. Според владината одлука од 2012- та година до 2029 та постепено ќе се зголемува старосната граница за заминување во пензија.
XS
SM
MD
LG