Достапни линкови

logo-print

Во Македонија владее страв да се искаже сопственото мислење, молчат граѓаните за да не трпат последици, но молчат и голем број интелектуалци, па дури и академиците од МАНУ како да немаат став за ниедно од клучните прашања за државата, на пример, како што е спорот со Грција за името. Според аналитичарите, Владата е главниот генератор на стравот, бидејки кога медиумите кои ја критикуваат ги оценува како анти-државни, што да мислат обичните луѓе.

Поради стравот од грубење на работното место и загрозување на животната егзистенција граѓаните се повеќе се плашат отворено да зборуваат. Последните истражувања на невладината организација АКТИС зборуваат за зголемен страв кај граѓаните гласно да ги кажат своите разммислувања. Александар Цветкоски од оваа организација вели дека резултатите покажале дека граѓаните се убедени дека власта е главниот генератор на страв и оти таа ги презема сите можнио начини за да ги држат луѓето послушни.
Гледаме дека дебатите се инструирани, гледаме дека се што се говори јавно ако е критички настроено против властите, тогаш се говори дека спротивната страна работи за опозицијата, граѓаните го гледаат тој сигнал.


,,Гледаме дека дебатите се инструирани, гледаме дека се што се говори јавно ако е критички настроено против властите, тогаш се говори дека спротивната страна работи за опозицијата, граѓаните го гледаат тој сигнал."

Се помалку гласна е и интелектуалната јавност во земјава. Иако молкот само по себе значи израз на незадоволство, неоправдан е стравот на интелектуалците јасно и отворено да прозборат за тоа што не чини, вели поетесата Светлана Христова Јоциќ

,,Кога се работи за земјата, кога се работи воопштено за нашата Македонија не треба да има молк, но исто треба да имаме водачи. МАНУ не знам што работи и што треба да прозбори, како енциклопедијата да е најважна. Не знам со што се зафатени? Јас сум изненадена за нивниот молк."

МАНУ


Според социолозите од стравот кој се поврзува со историското минато на Македонците најголема корист има власта. Но според нив една од причините поради која граѓаните одбираат да бидат послушни е и моменталната рамнодушност.
Значи, таква сиромаштија којашто би значела масовно трчање со стомакот по леб, нам не ни се случува, затоа имаме и ваква реакција, ќе издржиме, важно е да имаме да јадеме.


,,Значи, таква сиромаштија којашто би значела масовно трчање со стомакот по леб, нам не ни се случува, затоа имаме и ваква реакција, ќе издржиме, важно е да имаме да јадеме."

изјави професорот Ѓорги Тоновски

Пасивноста кај македонските граѓани ја забележа и меѓународната заедница. Евроамбасадорот Ерван Фуере деновиве забележа дека е зголемен стравот кај луѓето отворено да го изразат своето незадоволство од одредени општествени појави
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG