Достапни линкови

ЕУ ќе се обиде да ја зачува стабилноста на Евро зоната


Министрите за финансии на Евро зоната синоќа во Брисел се согласија да соработуваат со ММФ со цел да му се помогне на банкарскиот сектор во Ирска. Преседавачот на Советот на Министрите Жан Клод Јункер изјави дека ,сепак, Даблин треба сам да донесе одлука дали ќе побара помош. Според ирскиот премиер на земјата не и треба финансиски пакет.
Од друга страна, Ирска се соочува со најголем буџетски дефицит како резултат на спасувањето на банките. Според Претседателот на ЕУ Херман Ван Ромпуј, иднината на Евро зоната е во прашање поради должничката криза која започна лани во Грција.
XS
SM
MD
LG